Утрински Весник
Свет

Германија прва во Европа ќе го укине ПЦР-тестот за вакцинираните лица

Германија прва во Европа ќе го укине ПЦР-тестот за вакцинираните лица

Германското Министерство за здравство подготвува нова препорака, која предвидува укинување на задолжителното тестирање за вакцинирани лица.

Кој е вакциниран против коронавирус, според плановите на министерот за здравство Јенс Шпан, треба да добие повеќе слободи.

„Кој е целосно имунизиран во иднина треба да се третира како некој што е тестиран негативно“, нагласи тој во претходната изјава.

Препораките на Министерството ќе им бидат презентирани на покраините денес.

Според медиумите, документот предвидува дека вакцинираните лица повеќе нема да мора да покажуваат негативни тестови за коронавирус во нивниот секојдневен живот и кога патуваат.

Тоа значи дека при враќање од странство, целосно вакцинираните лица ќе можат да влезат во земјата без задолжителен негативен тест.

Исклучок ќе бидат повратниците од региони каде што преовладуваат мутации на коронавирус.

Во следните недели на таа тема ќе се дискутира на конференцијата на покраинските премиери.

Можете да прочитате

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан