Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија почнува со вакцинирање за 10 дена, први на ред се старските домови

Германија почнува со вакцинирање за 10 дена, први на ред се старските домови
Img 7972

Германија планира да почне кампања за вакцинација против Ковид-19 на 27 декември, а први на ред се домовите за стари лица, објавија денеска властите.

„Сојузниот министер за здравство, Јенс Шпан, ја извести Конференцијата на министри за здравство (ГМК) за одобрувањето и планираната испорака на вакцината на ‘Бионтек’. Вакцинацијата против новиот коронавирус ќе започне на 27 декември”, се вели во соопштението на телото кое ги обединува министрите за здравство од сите германски покраини.

Лесно може да се случи и другите земји на Европската Унија, вакцинацијата да ја почнат истовремено со Германија, која моментно претседава со Унијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека 27-те земји членки можат да почнат кампања за вакцинација истиот ден по одобрувањето на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Под германски притисок, Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека ќе ја донесе конечната одлука за употреба на вакцината на 21 декември – една недела порано од планираното.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа