Утрински Весник
Свет

Германија: Постојат шанси руската вакцина „спутник“ да биде одобрена во ЕУ

Германија: Постојат шанси руската вакцина „спутник“ да биде одобрена во ЕУ

Постојат шанси руската вакцина „спутник“ да биде одобрена во ЕУ, изјави шефот на германскиот одбор за вакцинација, Томас Мертенс, во интервју за „Рајнише пост“.

„Тоа е добра вакцина која веројатно, во одреден момент, ќе добие официјално одобрување од надлежните институции на ЕУ. Руските експерти имаат долгогодишно искуство со вакцините“, рече Мертенс, пренесува ТАСС.

На почетокот на февруари, меѓународното медицинско списание Ленсет објави преглед на резултатите од третата фаза на клинички испитувања на вакцината „спутник В“, со што се потврдија одличните резултати на руската вакцина, и се рангираше меѓу најбезбедните и најефикасните во светот со општа ефикасност од 91,6 проценти и ефикасност од 91,8 проценти кај луѓето постари од 60 години.

Германија постојано повторуваше дека е подготвена да користи вакцини произведени надвор од ЕУ, но канцеларката Ангела Меркел и германскиот министер за здравство Јенс Шпан посочија дека предуслов е вакцината да биде одобрена од надлежното регулаторно тело на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скандал во Британија: Сопруг ја дрогирал жената и ја давал на други мажи

Спречен обид за пробив во нуклеарна база во Шкотска од Иранци

Џорџија го укина на 60 денови данокот на гориво поради војната на Блискиот исток