Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија изрази солидарност со Израел и повика на прекин на огнот

Германија изрази солидарност со Израел и повика на прекин на огнот
300x250 opst2

Денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изрази солидарност со Израел и повика на прекин на огнот меѓу еврејската држава и палестинскиот Хамас  во Појасот Газа.

„Ние веруваме дека она што го прави Израел произлегува од правото на самоодбрана“, рече Мас на заедничката прес-конференција во Тел Авив со неговиот израелски колега Габи Ашкенази.

Мас рече дека Израел сега го користи тоа право и тоа значи да не се дозволи да продолжат да функционираат објектите од кои произлегуваат нападите врз израелските цели, алудирајќи на интензивните воздушни напади врз палестинската енклава што ги врши израелската армија од 10 мај.

„Дозволете ми да кажам многу јасно, за нас, безбедноста на Израел, а со тоа и безбедноста на сите Евреи во Германија, не може да биде предмет на дискусија и Израел секогаш може да смета на нас“, додаде Мас.

Сепак, тој оцени дека бројот на жртви се зголемува секој ден и рече дека тоа многу ја загрижува Германија и дека затоа ги поддржува меѓународните напори за воспоставување примирје.

Земјата е исто така убедена дека во интерес на луѓето, насилството мора да заврши, и тоа брзо.

Шефот на германската дипломатија вечерва ќе се сретне со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во Рамала, но тој нема да разговара директно со Хамас, кого Европската Унија го смета за терористичка организација.

 

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб