Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија забрани влез за патници од Велика Британија поради индискиот вид, и вакцинираните ќе бидат ставени во карантин

Германија забрани влез за патници од Велика Британија поради индискиот вид, и вакцинираните ќе бидат ставени во карантин
300x250 opst2

Германија забрани влез на лица кои патуваат од Велика Британија поради индискиот вид на коронавирус. Германскиот институт за јавно здравје побара секој што влегува во Германија од Велика Британија да биде во карантин две недели.

„Случаите на индискиот вид на коронавирус се во загрижувачки пораст во Велика Британија. Ние сакаме да бидеме внимателни. Во оваа важна фаза од кампањата за вакцинација, мора да се избегне влегување на проблематични мутации што е можно повеќе“, изјави извор од германската влада.

Според одредбата што стапува на сила во недела на полноќ, и луѓето кои се целосно вакцинирани, како и оние кои се опоравиле од коронавирусот, мора да бидат ставени во карантин.

Германскиот министер за здравство, Јенс Спан, на почетокот на овој месец изјави дека верува оти третиот бран на коронавирус е поттиснат, но неопходна е натамошна претпазливост.

„Ако сакаме да продолжиме да го намалуваме бројот на заразени лица, мора да внимаваме заразните варијанти на вирусот да не го загрозат овој позитивен тренд“, рече портпаролот на Министерството за здравство.

Тој додаде дека овој чекор е тежок за Велика Британија, но дека е потребен во борбата против брзото ширење на индискиот вид во Германија.

Можете да прочитате

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина