Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија делумно ги затвори границите со две држави, ЕУ го осуди ваквиот чекор

Границите на Унгарија остануваат затворени до крајот на октомври
Img 7972

Германија денес делумно ги затвори своите граници со Чешка и австрискиот Тирол поради ширењето на новите видови на коронавирус и покрај осудата на ваквата постапка од Европската унија.

Илјадници полицајци се мобилизирани за строги контроли на границите, што потсетува на првите денови од пандемијата, кога членките на ЕУ ги затворија своите граници.

На преминот Киферсфелден во јужна Баварија, полицајците го запираат секое возило што доаѓа од Австрија.

Според новите правила, кои важат до 17 февруари, во Германија може да се влезе само со негативен тест за коронавирус.

Исклучок се работниците во здравствениот и транспортниот сектор и за влез од итни хуманитарни причини, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Европската комисија ги осуди новите германски ограничувања.

„Стравот од нови мутации на коронавирусот е разбирлив. Но, вистината е дека вирусот не може да се запре со затворени граници“, рече европскара комесарка за здравство, Стела Киријакидес, за германскиот весник „Аугсбургер алгемајне“.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ги отфрли критиките од Брисел. „Доста е“, рече Зехофер за Билд. „ЕУ направи доволно грешки со бавното воведување на вакцини“, рече Зехофер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите