Утрински Весник
Свет

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан поради тамошните немири.

Минатата година беа издадени 25 дозволи за испорака на оружје за Казахстан во вкупна вредност од околу 2,2 милиони евра.

Во Алмати, најголемиот град во Казахстан и негов економски главен град, со денови има немири, откако избија протести поради тоа што владата го укина ограничувањето на цените за течниот нафтен гас. Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев изјави дека 20.000 бандити го нападнале главниот град и им дал наредба на безбедносните сили да пукаат без предупредување.

Можете да прочитате

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата

Жесток ирански напад врз Тел Авив

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров