Утрински Весник
Економија

Германија го забрзува издавањето на работни дозволи за странци поради хаосот на аеродромите

Dik 300x250 mk

Германските министри изјавија дека владата ќе го забрза издавањето на работни дозволи и визи за неколку илјади странски работници, главно од Турција, со цел да се регулира хаосот што настана на аеродромите поради почетокот на летната сезона.

Патниците низ Европа се соочуваат со долги редици на аеродромите поради недостиг на персонал на аеродромите.

„Многумина со нетрпение ги очекуваат празниците по долгата пандемија, па затоа е фрустрирачки кога се случуваат ситуации како оваа на аеродромите“, рече министерот за труд Хубертус Хејл на прес-конференција.

Германија сега планира да донесе искусни работници, претежно од Турција, кои ќе работат во земјата, вклучително и за ракување со багажот, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фајзер.

Сепак, тие ќе мора да ги поминат истите безбедносни проверки како и домашните работници пред да почнат да работат.

Авиокомпаниите, од кои некои се надеваа дека ќе можат да ангажираат странски персонал преку агенции, сега ќе можат директно да ги вработуваат и да им даваат стандардни плати.

Министерот за труд ги обвини авиокомпаниите и аеродромските оператори за недостиг на персонал, истакнувајќи дека тие отпуштиле премногу работници за време на пандемијата.

За време на викендот на германските аеродроми настана вистински хаос, пренесуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво