Утрински Весник
Свет

Германија ги демантираше тврдењата на Лукашенко: Тоа не е точно

Германија ги демантираше тврдењата на Лукашенко: Тоа не е точно

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт ја демантираше изјавата на белорускиот лидер Александар Лукашенко за прислушуваниот разговор меѓу Берлин и Варшава.

Тема на тој наводен разговор е ситуацијата на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Зајберт рече дека станува збор за измислен разговор. „Ние веќе ги коментиравме тврдењата на Лукашенко. Тоа не е точно, тоа е измислен разговор”, рече Зајберт.

Полското Министерство за надворешни работи исто така ги демантираше белоруските информации дека се случил телефонски разговор помеѓу Варшава и Берлин, во кој претставниците на властите на двете земји требало да признаат дека немало труење на Алексеј Навални, објави „Спутник“.

Германската влада минатата недела објави дека Навални е отруен со супстанција од групата хемиски боени отрови новичок.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко тогаш објави дека бил пресретнат разговорот меѓу Варшава и Берлин и дека изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални е фалсификат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд