Утрински Весник
Свет

Германија врати 5.000 луѓе од границата со Чешка и со Австрија

Германија врати 5.000 луѓе од границата со Чешка и со Австрија

Германските власти соопштија дека полицијата вратила околу 5.000 луѓе од границата со Чешка и со австрискиот тиролски регион откако во неделата беа воведени строги контроли.

Германија воведе проверки за да се забави ширењето на британската варијанта на коронавирусот од Чешка и јужноафриканската варијанта од Тирол, пренесува АП.

Властите го ограничуваат влезот на германските граѓани и жители, возачите на камиони, транспортните работници и здравствените служби и на уште неколку други, вклучително и прекуграничната служба за патници што работи во системски релевантни сектори. Секој мора да има негативен тест за коронавирус.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Стив Алтер рече дека до понеделникот наутро, федералната полиција проверила околу 10.000 лица и вратила околу 5.000.

Проверките предизвикаа критики од Австрија. Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефен Зајберт ги бранеше германските мерки. Тој рече дека германската влада мораше да дејствува тука за да спречи брзо ширење на заразни варијанти на вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план