Утрински Весник
Спорт

Германија во финишот ја победи Русија во меч за престиж

Германија во финишот ја победи Русија во меч за престиж

Русија се врати во второто полувреме, но повторно потфрли во финишот на мечот за да загуби со 30:29 (16:12) од Германија во меч за престиж на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако двете репрезентации одамна ги загубија шансите за полуфинале.

Германците беа убедливи во првото полувреме, правејќи предност од четири гола на полувреме, но тимот на Велимир Петковиќ успеа да се врати и да дојде до водство со 26:25, пред во последниот германски напад, Патрик Цикер да постигне прекрасен гол со цепелин за 30:29. Русија го имаше последниот напад, но не успеаја да изборат реми.

Цикер, Јоханес Битер и Тобијас Рајхман имаа по пет гола за Германија, додека Сергеј Косоротов со осум гола беше најдобар во рускиот тим.

> Германија во финишот ја победи Русија во меч за престиж <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина