Утрински Весник
Свет

Германија бара укинување на правото на вето во ЕУ

Dik 300x250 mk

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, денеска побара ЕУ да го укине правото на земјите-членки да ставаат вето на надворешно-политички одлуки.

Мас смета дека е недозволиво ЕУ да биде држена како заложник, пренесе „Дојче веле“.

„Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета. Затоа кажувам многу отворено: ветото мора да замине- дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани“, рече Мас, обвинувајќи ги оние кои го прават тоа дека ја загрозуваат кохезивноста на Европа.

Мас не именуваше никого, но неодамна Унгарија блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ.

„Дојче веле“ пишува дека отворените изјави се невообичаени затоа што Германија никогаш досега не практикувала отворени критики кон друга земја-членка во ЕУ.

Освен блокадата на заедничките изјави за Хонг Конг и Блискиот исток, Унгарија минатиот месец се спротивстави и на ратификацијата на новиот договор за трговија и соработка со африкански, карипски и пацифички држави.

Текстот Германија бара укинување на правото на вето во ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Tројца загинати и 29 повредени во руски напад со дронови врз Киев

Трамп со услов до Путин: Не сакам да губиме време

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија