Утрински Весник
Свет

Германија: „Астразенека“ продолжува да се користи, вакцината е безбедна

Германија: „Астразенека“ продолжува да се користи, вакцината е безбедна

Високи германски здравствени службеници денес потврдија дека употребата на вакцината против Ковид-19 на „Астразенека“ е безбедна и дека Германија ќе продолжи да ја користи, и покрај фактот што неколку европски земји ја запреа нејзината понатамошна дистрибуција поради загриженост за нејзината безбедност, пренесува „Ројтерс“.

„Сè што знаеме досега, сугерира дека придобивките од вакцината, дури и откако секоја индивидуа ќе пријави несакан ефект, ги надминуваат ризиците, а тоа е сè уште случај“, рече германскиот министер за здравство Јенс Шпан на прес-конференција.

„Ројтерс“ пренесува дека директорот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, во своето обраќање пред новинарите денес додаде дека нема статистички податоци што докажуваат прекумерна смртност по кое било вакцинирање против вирусот.

„Бидејќи сега вакцинираме стари и многу стари лица, а повеќето луѓе кои умираат се на таа возраст, тогаш во таа смисла може да има врска помеѓу вакцинацијата и смртта“, рече Вилер.

„Ројтерс“ известува дека здравствените власти во Данска, Норвешка и Исланд, како и Бугарија и Романија, ја прекинале употребата на вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19 по извештаите за згрутчување на крвта кај некои луѓе кои биле имунизирани со неа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го казни Google со луда сума

Голем пожар во Берлин: многу повредени

Извештај на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта