Утрински Весник
Свет

Германец умрел откако со друштвото пливал во замрзнато езеро во Берлин

Германец умрел откако со друштвото пливал во замрзнато езеро во Берлин

Четириесет и тригодишник починал во Берлин во средата откако поминал два часа во замрзнато езеро во паркот Трептауер.

Жртвата, заедно со уште еден 44-годишник и две жени (55 и 21 година), во костими за капење го скршиле мразот за да запливаат во ладната вода.

Кога 43-годишникот исчезнал под површината на водата, неговите пријатели се обиделе да го спасат и повикале помош.

Спасувачите го извлекле и успешно го реанимирале, но тој подоцна починал во болница како последица на хипотермија, пишува „Берлинер цајтунг“.

Пред два дена во Германија беше забележана температура од дури – 26,7 °С. Според германската метеоролошка служба (ДВД), овие температури и натаму се далеку од најниските досега измерени во Германија. Рекордот сè уште го држи Хул во Баварија, каде во 1929 година била забележана температура од -37,8 °С.

ДВД исто така објави дека овој месец е најстуден февруари од 2012 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење