Утрински Весник
Свет

Германец ги прскал луѓето со спреј за самоодбрана бидејќи не држеле растојание

Германец ги прскал луѓето со спреј за самоодбрана бидејќи не држеле растојание
Dik 300x250 mk

71-годишниот Германец ги прскал минувачите со спреј за самоодбрана базиран на црн пипер бидејќи премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание, соопшти германската полиција.

Тој прво испрскал група луѓе што џогирале, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени без предупредување.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 до 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале за да повикаат полиција.

Човекот и рекол на полицијата дека нема друг начин да им покаже на другите да се придржуваат кон воспоставените мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од најголемите урбани центри во Германија кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на инфекција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим