Утрински Весник
Македонија

Герилска акција на опозициските пратеници во Собранието против Кацарска

Герилска акција на опозициските пратеници во Собранието против Кацарска

Со свирежи и транспаренти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја прекинаа седницата, односно направија герилска акција со која го изразија револтот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Тие станаа од своите места и застанаа пред говорницата држејќи транспарент на кој пишуваше „Кацарска извршител на мафијата“, „Кацарска значи неправда“, пратениците носеа и маици со ликот на Кацарска.

Кога прекина акцијата, пратениците се повлекоа на своите места, но продолжија со свирежи кога на говорницата излегуваа пратениците од парламентарното мнозинство.

„Можете да свирите цел ден, цела вечер не ви се мешам во тоа. Нема да ја прекинам седницата, но ќе замолам да се однесуваме демократски и на висина на задачата, ние сме избраници на народот“, рече собранискиот спикер Талат Џафери.

На говорите на пратениците од опозицијата тие ракоплескаа. Собраниската седница се одвива во тензична атмосфера.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје