Утрински Весник
Македонија

Герила акција: Никогаш повеќе прислушување

Герила акција: Никогаш повеќе прислушување

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Повеќе од 20.000 прислушкувани функционери, новинари, судии, обвинители, политичари, верски лица, професори, лекари и граѓани во над 600.000 телефонски разговори. Никогаш повеќе, пишува на банерот што утринава е поставен на градскиот плоштад во Скопје.

Герила акција е потсетува на прислушувањето кое се вршеше од страна на минатата власт во периодот од 2008 – 2015 година.

За прислушувањето, Специјалното јавно обвинителство подигна обвинение „Таргет-Тврдина“, каде што беа обвинети ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка Гордана Јанкулоска, началникот на петтата управа, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски и шест други службеници во УБК.

Според СЈО, прислушувањето било извршено во УБК, а незаконски биле следени 5.827 броја и биле прислушувани над 20 илјади граѓани. На голем број новинари и граѓански активисти во 2015 им беа врачени „папки“ со нивни прислушувани разговори.

Во 2015 година лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев, обелодени дека се прислушувани над 100 новинари. дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме