Утрински Весник
Магазин

Герет Хедланд уапсен поради пијанство на јавно место

Герет Хедланд уапсен поради пијанство на јавно место

Герет Хедланд бил приведен поради алкохолизирање на јавно место.

37-годишниот актер бил приведен во саботата вечерта (22 јануари) во округот Френклин, Тенеси, пренесува „ТМЗ“, додавајќи дека веќе е ослободен со кауција од 2,100 долари.

Герет,  кој треба да се врати на суд во март, моментално е на тригодишна условна казна поради претходен случај на возење под дејство на алкохол.

Против него претходно, во 2020 година, беше покрената тужба за предизвикување сообраќајна несреќа во алкохолизирана состојба. Тој тогаш удри во друго возило додека се онесвестил пијан зад воланот на својот џип. Актерот, наводно, се обидел да побегне од местото на несреќата без да повика брза помош.

А, најновите правни проблеми за ѕвездата од Friday Night Lights доаѓаат еден ден по разделбата со Ема Робертс. Славната двојка, која заедно има 13-месечен син, неодамна навести крај на тригодишната романса по неколку тешки месеци во врската.

Врската ја започнаа во март 2019 година, а синот го добија во декември 2020 година во екот на пандемијата.

Пријател на двојката претходно откри дека актерот многу се променил откако се породи Ема.

„Да се има новороденче среде пандемија беше многу потешко отколку што очекуваше кој било од нив, но тие навистина, навистина се трудеа максимално да ги средат работите,“ објасни инсајдерот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста