Утрински Весник
Македонија

Герасов: Металната индустрија функционира во вонредните услови, околу 80 насто од вработените се на работа

Пет милиони евра заем за „Актива“ од ЕБОР

Прилеп, 24 април 2020 (МИА) – Металната индустрија во земјава е во добра кондиција. Се работи, со намален капацитет и од близу 15.000 работници околу 20 отсто се на годишен или принуден одмор, изјави претседателот на СИЕР Игор Герасов.

Според Герасов, се стравувало дека поради пандемијата со коронавирусот, металната индустрија со големи капацитети ќе западне во огромни тешкотии, но засега се работи и е во подобр аситуација од другите индустриски гранки.

-Стравувавме дека ќе биде полошо, но сега-засега металната индустрија во земјава е во добра кондиција. Речиси сите компании во оваа индустрија работат, но со намален капацитет. Вкупно се 14.000 до 15.000 во металната индустрија. Од нив околу 20 отсто, иако ова се неофицијални бројки, се на годишен одмор за минатата и оваа година, на принуден одмор на 70 отсто од платата а некаде се користи мерката при елементарни непогоди за принуден одмор на 50 проценти. Значи, главно, се работи, се практикуваат мерките за заштита, тоа се големи капацитети и доколку би застанале, потоа би сеј авиле проблеми за рестартирање на процесот. Затоа, сметаме дека сопствениците на тие компании не дозволуваат да застане работниот процес, вели Герасов.

Иако засега нема пријавени се смета дека дел компании ќе користат владини мерки.

-Засега немаме информации, но сметаме дека дел компании ќе го користат бенефитот од владините мерки. Допрва треба да се види која компанија и какви мерки би користела, вели Герасов.

Гранковиот синдикат знае за тешката ситуација во која се 60-тина вработени во прилепски „Еурокомпозит“ кој е дел од оваа индустрија.

-Вработените во „Еурокомпозит“ се во многу незавидна ситуација која со години се провлекува. Ние ќе инсистираме да бидат оопфатени со овие мерки и ќе оставиме времето да покаже дали владата тоа ќе го прифати, изјави Игор Герасов, претседател на гранковиот синдикат СИЕР. ем/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева