Утрински Весник
Спорт

Георгина во филмот на „Нетфликс“ открива дека чека свадба со Кристијано

Георгина во филмот на „Нетфликс“ открива дека чека свадба со Кристијано

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез објави трејлер од нејзината новиот документарен филма на „Нетфликс“ под наслов „Јас сум Георгина“, во која во детали ќе се објаснува нејзината врска со фудбалската мегаѕвезда, нивниот животен стил и желбите за иднината.

Шпанката Родригез, која е родена во Аргентина, во серијата ќе го опише нејзиното детство, работата во продавниците во Мадрид каде што се сретна со Роналдо, до блескавите посети на Ф1 трката во Монако.

Таа исто така е претставена како помајка на синот на Роналдо, Кристијано Јуниор, како и нивните други четири деца, а исто така одговара и на прашањето за потенцијалната свадба со Роналдо.

„Не, тоа не зависи за мене. Но, се надевам дека ќе се случи“, вели Георгина.

Засега, документарниот филм нема датум за објавување.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

> Георгина во филмот на „Нетфликс“ открива дека чека свадба со Кристијано <

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале