Утрински Весник
Македонија

Георгиески: Се отстранува нелегално изградениот ѕид во „Градиште“

Георгиески: Се отстранува нелегално изградениот ѕид во „Градиште“

Охрид, 18 мај 2020 (МИА) – Почнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“, соопшти на фејсбук градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески.

Тој информира дека градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршиле увид по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

– Согласно тоа, денеска започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид, додава Георгиески на ФБ. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Без борба против криминалот нема економска иднина вели Миноски

Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко мочуриште

Вечерва сообраќајка на три возила на „Партизанска“, повреден мотоциклист