Утрински Весник
Свет

Генчовска испратила нота до македонското МНР за антибугарските слогани на протестите

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, реагирала до властите во Скопје поради навредливите антибугарски пароли на протестите во земјата против францускиот план за решавање на билатералните односи, пишува софиски „Стандарт“.

dobivaj vesti na viber

Антибугарските пароли на протестите, според весникот, биле причина бугарското Министерство за надворешни работи да испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје.

„Употребата на говор на омраза значително се зголеми во текот на втората недела од протестите во Скопје против т.н. француски предлог за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, пишува весникот.

Од бугарското МНР појаснуваат дека особено загрижувачки е што злонамерните појави во јавноста ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни заемно прифатливи решенија во интерес на евроинтеграцијата на Скопје.

„Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, додаваат од бугарското МНР.

Можете да прочитате

Приземјени сите летови на поголемите аеродроми во Велика Британија поради „откажување на радарот“

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни