Утрински Весник
Свет

Генералниот секретар на ОН: Руските војници во Донбас не се мировници

Генералниот секретар на ОН: Руските војници во Донбас не се мировници
Dik 300x250 mk

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека руските воени единици во источна Украина не можат да бидат „мировници“, како што ги нарече рускиот претседател Владимир Путин, и ги отфрли неговите тврдења дека таму бил извршен „геноцид врз руското население“.

Гутереш рече дека е „загрижен поради искривување на концептот за зачувување на мирот“, пренесува Ројтерс.

Антонио Гутереш рече дека е загрижен за промена на концептот на мировните мисии откако Москва им нареди на руските војници да влезат во источна Украина за да го „одржат мирот“.

„Кога армијата на една земја влегува на територијата на друга земја без нејзина согласност, тоа не е непристрасна мировна сила. Тие воопшто не се мировници“, рече Гутереш, цитиран од Ројтерс.

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка