Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – „Генерали инвестмент“ Словенија е во процес на преземање на „Илирика Фонд Менаџмент“ АД Скопје преку спојување со „Генерали Инвестментс“ АД Скопје.
Трансакцијата се случува по одобрувањето од Комисијата за хартии од вредност и по преземањето на „Илирика“, „Генерали инвестмент“ АД Скопје ќе го зголеми пазарното учество на 26 проценти на македонскиот пазар.
„Генерали Инвестментс“ АД Скопје е основана во 2008 година и управува со четири инвестициски фондови, 31,3 милиони евра со приближно 2.000 клиенти. По превземањето на „Илирика“, компанијата ќе превземе 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на 46 милиони евра и 3.900 клиенти.
– Ние ги интегрираваме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар. За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група, вели Лазе Камчев, главен извршен директор на „Генерали Инвестментс“ АД Скопје.
„Генерали“ е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана е во 1831 година и присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019 година. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти. бак/са/