Утрински Весник
Свет

Генерали го предупредија Макрон со отворено писмо за закана од граѓанска војна

Генерали го предупредија Макрон со отворено писмо за закана од граѓанска војна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешни и сегашни припадници на војската, преку отвореното писмо  го предупредија францускиот претседател, Емануел Макрон, за закана од граѓанска војна.

Во колумна објавена во десничарски весник на 60-годишнината од неуспешниот пуч, припадници на војската порачаа дека претседателот на Франција не може да го запре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите. Во него се повикува армијата да изврши воен удар со цел да се спречи граѓанска војна во Франција.

Околу илјада војници, вклучително и околу 20 пензионирани генерали и 80 други поранешни високи офицери се потпишани во писмото.

Писмото беше остро осудено од владата на Макрон. Министерката за одбрана, Флоранс Парли, побара потписниците на писмото да бидат казнети.

Можете да прочитате

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур