Утрински Весник
Македонија

Гевгелија дел од меѓународен проект за обнова на духот на Европа

Гевгелија дел од меѓународен проект за обнова на духот на Европа

Гевгелија, 4 март 2020 (МИА) –  Општина Гевгелија и уште шест европски општини е вклучена во проект за поттикнување на социоекономскиот развој насловен „Нови стратегии за обновување на духот на Европа“.

Покрај Фондацијата за локален развој од Гевгелија, во реализацијата на проектот партнери ќе бидат невладини организации од шпанската општина Виатор, како координатор на проектот, Цивитас Солис од Италија, младински клуб УНЕСКО од Грција, општината Луса од Португалија и Центарот за млади од белгиската општина Вироинвал.

Со проектната цел, информираат од Општина Гевгелија, партнерите се подготвени за создавање нови алатки за учество на своите граѓани преку најдобрите локални практики во делот на социоекономскиот развој и да се спротивстават на предизвикувачкиот евроскептицизам.

Од Општината наведуваат дека промоторите имаат намера да изведат двегодишен пилот-проект кој се карактеризира со реализација на шест меѓународни настани насочени кон клучните актери на локалниот развој со цел да се подигне свеста кај пошироката јавност за најдобрите практики на локален и социјален развој промовиран од нивните граѓани.

Проектот предвидува и иницијатива за официјално потпишување договори за збратимување на општините партнери во неговата реализација. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија