Скопје, 20 март 2020
Да се престане со исплаќање на плати на пратениците кои така или инаку не работат, а средствата Владата да ги насочи кон здравствениот систем;
Парите кои државата им ги исплаќа на партиите од државниот буџет да се пренасочат кон здравствениот систем, а оние партии кои веќе ги добиле средствата предвидени од државниот буџет во знак на солидарност да ги подарат или вратат во здравствениот систем;
Средствата предвидени во буџетот за рекламирање на политичките субјекти за изборите, Владата да ги пренасочи кон поддршка на стопанството;
Апелираме до министрите, советниците во општините и градоначалниците, своите плати за месец март да ги донираат за борба против корона вирусот;
Време е политичарите и партиите да бидат на висината на задачата!
Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки