Утрински Весник
Македонија

ГДУ: Еден од приоритетите е намалување на бројот на пратеници, ќе имаме пари да инвестираме во училишта

ГДУ: Еден од приоритетите е намалување на бројот на пратеници, ќе имаме пари да инвестираме во училишта

Скопје, 27 јуни 2020

Еден од приоритетите на Граѓанско демократката унија (ГДУ) е намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, проследено со повеќе реформи на администрацијата кои треба да овозможат и позитивни промени за намалување на непродуктивните трошоци на централниот Буџет. Односно, партијата ќе се залага и за намалување на бројот на министри, како и на бројот на членовите на општинските совети и на Град Скопје.

– Во период од една до три години партијата верува дека може да се спроведат промени кои ќе ѝ овозможат на Македонија на секои избори да добива функционален и репрезентативен законодавен дом, но и ќе ја ограничат моќта што пратеникот ја добива со неговиот глас. Неопходна е и рационализација на владата, односно намалување на бројот на министерства, агенции и други органи кои се во нејзин состав. Во моментов тие се дел од политичкиот пазар меѓу партијата на власт и соработниците и се користат за раздолжување за некаква поддршка или верност. На новиот парламент дванаесет месеци би му биле доволен период за рационализација на администрацијата. Резултатот ќе биде ослободување на финансии што ќе може да се искористат за капиталните проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани во Македонија, изјави претседателот на Граѓанско демократската унија Петар Колев.

Промената на профилот на парламентарецот од „послушник на партијата“ во индивидуа која нема да молчи и на прво место ќе го стави државниот интерес, според ГДУ бара поголеми, но неопходни реформи на изборниот процес во Македонија. Возможни единствено ако реформите прво го зафатат врвот на пирамидата.

– Во Собранието имаме огромна машина за стискање копчиња која во период од еден мандат по основа на нето плата ги чини граѓаните над 7.000.000 евра. За половина од тие пари може да изградиме модерно училиште со капацитет за 800 деца. Во 2020 година Собранието ќе потроши 10 милиони евра. Половината се доволни за две модерни училишта, дообјаснува Колев.

Граѓанско демократската унија во реформите кои ги предлага, предвидува една изборна единица и прогресивен изборен цензус со цел да ги отворат вратите на Собранието за помалите политички партии, а со тоа да се внесе и конкуренција меѓу политичките чинители на македонската политичка сцена. Практично ова значи дека цензусот за еден политички субјект е помал од цензусот потребен за коалиција од две партии или цензусот за коалиција од три или повеќе партии е повисок од оној за две партии. За кандидатите кои доаѓаат од Граѓански, Независни листи, пак, партијата предлага да се квалификуваат без цензус.

Граѓанско демократската унија

_______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта