Гвинет Палтроу соопшти дека нејзиниот лајфстајл-бренд „Гуп“ ја лансираше првата секс играчка со дрска објава на Инстаграм на Денот на вљубените.
За да го промовира двостраниот вибратор на својата компанија, кој ќе се продава по цена од 95 долари, оскаровката сподели стара фотографија од 71. церемонија на доделувањето на „Оскарите“ (1999).
На изменетата фотографија се гледа како го држи новиот производ, наместо златната статуетка.
Откако Клио Вејд, поетеса и активистка, ја нарече икона за трошење среде пандемија на Ковид-19 создавајќи свој вибратор,48-годишната Гвинет имаше совршен одговор.
„Морав некако да го поминам времето, знаете?“ мајката на две деца, која е во брак со Бред Фалчук од 2018 година, се пошегува на својата Инстаграм- приказна.
Нејзината објава веднаш стана хит меѓу фановите и многумина од нејзините славни пријателки, како Дру Баримор, која коментираше: „О, Боже, те сакам“.
Другите се шегуваа „кому му е потребен Оскар кога го имате најдобриот вибратор“.