Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу и Кејт Хадсон разговараат за најлошите бакнежи на екранот

Гвинет Палтроу и Кејт Хадсон разговараат за најлошите бакнежи на екранот
Dik 300x250 mk

Тие се пријателки со многу заеднички работи – успешна филмска кариера, славни мајки и просперитетни лични брендови.

Гвинет Палтроу (48) и Кејт Хадсон (41) се забавуваа присетувајќи на некои од главните машки протагонисти со кои глумеле, а ова се случуваше за време на подкастот „Гуп“ на Гвинет во вторникот.

Кога Палтроу ја праша sвездата на „Војна на невести“, кој е нејзиниот најдобар бакнувач на екранот, Хадсон наместо тоа се присети на најлошиот.

„Искрено, чувствувам дека не сум ги имала најдобрите бакнувачи “, рече Кејт. Требаше да имам подобри.“

И веднаш потоа го спомна Метју Меконахи, со кого глумеше и во „Fool’s Gold“ во 2008 година и во How To Lose A Guy In 10 Days (Како да се изгубиш момче за 10 дена“) во 2003 година.

„Секојпат кога го бакнував Меконахи, изгледаше како нешто да се случува, како да има некој ветер,“ забележа Хадсон.

Гвинет, од своја страна, се прашуваше дали бакнежот со некој актер со кој си работел многу пати се чувствувал повеќе како „братска енергија“, како што таа чувствувала за колегата од „Марвел“ актерот Роберт Дауни Јуниор.

„Кога го бакнав Роберт, си реков: Ова е буквално како да го бакнувам брат ми,“ се присети Палтроу.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци што привлекуваат богатство без многу труд

Ватс ап стигна и на Ејпл Воч

Денеска се празнува Митровден – 24info.mk