Утрински Весник
Спорт

Гвардиола ќе го купува Белингем како замена за Бернардо Силва

Англискиот шампион Манчестер сити е подготвен да се раздели со Бернардо Силва, но менаџерот Пеп Гвардиола веќе ја има испланирано неговата замена. И тоа не  кого било, туку најголемиот талент од Островот, Џад Белингем, кој го носи дресот на Борусија Дортмунд.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните“ би требало да добијат околу 60 милиони евра од трансферот на португалскиот ас Бернардо Силва на „Камп Ноу“, а ќе ги вложат и ќе доплатат за Белингем.

„Милионерите“ бараат најмалку 80 милиони евра за него, а го купија за 25 милиони евра пред две години.

Ливерпул и Јирген Клоп исто така го сакаат Џад Белингем за следното лето, во игра е и Реал Мадрид, но Гвардиола и Сити повторно би можеле да реагираат најбрзо, како и за Ерлинг Халанд.

Можете да прочитате

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци

Кошаркарите на ТФТ со „стотка“ го обезбедија четвртфиналето во АБА 2 лигата

Македонија домаќин на Европското првенство У16 – „Б“ дивизија