Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Гвардиола им забрани на играчите на Сити да даваат интервјуа

Гвардиола им забрани на играчите на Сити да даваат интервјуа
Img 7972

Манчестер, 18 февруари 2020 (МИА) – Пеп Гвардиола свика итна средба со фудбалерите на Манчестер Сити поради казната изречена од УЕФА, која го исфрли тимот на две години од европските клупски турнири.

Шпанскиот стратег упатил неколку барања до играчите. Како прво, Гвардиола побарал од нив највисоко можно ниво на професионалност, како и одговорност од нив. Претстојат клучни натпревари за „граѓаните“, откако следи средба со Вест Хем, одложена од минатиот викенд.

Исто така, пред осминафиналната средба со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, Гвардиола побарал од своите пулени да избегнуваат интервјуа, како и јавни настани и семејни средби.

Неговата желба е да бидат целосно фокусирани на оваа средба и да не бидат под влијание на ништо странично.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН