Утрински Весник
Спорт

Гвардиола за опасниот лет: Нашиот пилот беше херој!

Гвардиола за опасниот лет: Нашиот пилот беше херој!
Dik 300x250 mk

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го испофали „неверојатниот“ пилот кој успеа да ги „спаси“ по бурниот лет од Португалија до Англија, и мораше принудно да слета во Ливерпул поради силниот ветер на аеродромот во Манчестер.

Бурите „Дадли“ и „Јунис“ направи хаос во западна Европа, и авионот на Сити, кои се враќаа по 5:0 триумфот кај Спортинг Лисабон, беше фатен на снимка како се обидува да слета во Манчестер, пред пилотот да се откаже и да слета во Ливерпул.

„Да бидам искрен, откако го видов .то само кажав: ‘Вау’! Беше многу страшно и сите го почувствувавме тоа. Нешто се случи, но пилотот беше фантастичен зборуваше со нас и беше многу смирен. Сите бевме во мала паника, но начинот на кој зборуваше со нас целосно не смири. Слетувањето во Ливерпул? Имаат потопло време, секогаш се пријатни кон нас. Имаат подобар аеродром од нас“, вели Гвардиола.

> Гвардиола за опасниот лет: Нашиот пилот беше херој! <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони