Утрински Весник
Спорт

Гвардиола го назначува менторот за свој асистент во Сити

Гвардиола пред мечот за титулата: Спиев како бебе

Манчестер, 5 јуни 2020 (МИА) – Пеп Гвардиола наскоро ќе го назначи својот поранешен ментор Хуанма Лио за свој нов помошник тренер во Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми.

Граѓаните не го заменија Микел Артета, кој си замина за да стане менаџер на Арсенал минатиот декември, но според „Марка“ и „АС“, тој веројатно ќе го назначи Лио, кој неодамна го напушти кинески Киндао. Лио (54) тренира веќе 35 години, работејќи како асистент на Хорхе Сампаоли со Севиља и репрезентацијата на Чиле.

Тој немаше голем успех во голем број клубови каде што бил тренер, вклучувајќи ги и Реал Сосиедад, Алмерија и Атлетико Насионал, а во 2005 година го привлече Гвардиола во мексиканскиот Дорадос Синалоа.

– Гвардиола е како син за мене. Тој ми рече дека му се допаѓа начинот на кој играл мојот тим и сакаше да ја задржиме врската. Она што започна како професионална врска, еволуираше во нешто повеќе, рече Лио во интервју за ФИФА во 2012 година, објаснувајќи дека поранешниот играч од средниот ред на Барселона отишол да го види, откако предводениот од Лио, Овиедо загуби од Каталонците со 2:4.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари