Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Биелса го почитувам најмногу, но Кројф е највлијателниот

Гвардиола: Биелса го почитувам најмногу, но Кројф е највлијателниот

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека почитта кон ривалот од Лидс јунајтед, Марсело Биелса е најголема во светот на фудбалот, но сепак, не го смета Аргентинецот за највлијателниот тренер во историјата.

Лидс ги пречекуваат Сити во сабота навечер, а Гвардиола, кој и во минатото честопати ја искажувал почитта кон 65-годишниот Биелса, вели дека работата е повеќе од трка по трофеи и дека Биелса го претставува тоа најдобро.

„Тој најверојатно е личноста која најмногу ја почитувам во светскиот фудбал, како менаџер и како личност. Мислам дека е најавтентичниот тренер во историјата, со начинот на кој ги води своите тимови, бидејќи никој не го прави тоа. Никој не може да го имитира, бидејќи тоа е невозможно. Секогаш бил инспирација за мене. Вредноста на еден тренер не е само во трофеите кои ги освоил. Моите тимови освоиле повеќе од неговите, но според фудбалското знаење уште сум под него“, вели Гвардиола.

Сепак, на лично ниво, тој вели дека Биелса не е највлијателниот тренер, бидејќи таа чест оди кај Јохан Кројф, под кого Гвардиола играше во Барселона.

„Не може да ми биде влијание бидејќи не сум работел со него секојдневно, така што Јохан Кројф останува највлијателниот тренер во мојот живот“, објаснува Каталонецот.

> Гвардиола: Биелса го почитувам најмногу, но Кројф е највлијателниот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ