Утрински Весник
Македонија

Гаши и Илир Мета разговарале за државните односи и положбата на Албанците во регионот

Гаши и Илир Мета разговарале за државните односи и положбата на Албанците во регионот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од потпретседателот Лулзим Алиу, денеска престојувал во официјална посета во Република Албанија, каде бил примен од албанскиот претседател, Илир Мета.

„На овој братски состанок се разговараше за меѓусебните државни односи, за положбата на Албанците во регионот, како и за продлабочување на меѓуалбанската соработка како национална должност“, информираат од партијата.

Гаши му заблагодарил на Мета за досегашната соработка и изразил подготвеност да помогне во зајакнувањето на овој дух. И претседателот на Република Албанија, Илир Мета му заблагодарил на Гаши за посетата, истакнувајќи дека таквата меѓуалбанска и меѓудржавна комуникација не треба да изостанува ниту во иднина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух