Утрински Весник
Спорт

Гатузо по пласманот во финалето на Купот: Можеме да постигнеме големи работи

Претседателот на Сампдорија, за Гатузо: Не ми треба тренер кој треба да го убедувам

Милано, 14 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, беше среќен откако неговиот тим се квалификуваше во финалето на Купот на Италија. Неговите пулени стигнаа до реми 1:1 во реваншот со Интер синоќа и со вкупен резултат 2:1 продолжуваат понатаму.

Стратегот го посвети успехот на своето семејство откако минатиот месец ја загуби својата сестра.

Тој исто така верува дека неговиот тим е способен да постигне одлични работи.

– Беше тешко за мене. Овој успех го посветувам на моето семејство, на моите родители и на сестра ми. Сите ја сакавме многу и тоа е огромна загуба. Се обидувам да имам добар однос со моите играчи, но сепак јас треба да ги донесам одлуките. Да се ​​има право на пет смени помага. Ние сме одличен тим. Се обидовме да бидеме агресивни и да го притиснеме противникот, но сè уште не сме во оптимална форма. Примивме чуден гол, но вината за тоа не е во Оспина, туку при нашата поставеност кај аголот. Најважно е што продолживме од таму каде што застанавме пред 90 дена, рече Гатузо.

Во врска со финалето со Јувентус, тренерот додаде дека очекува тежок судир.

– Ние се соочуваме со Јувентус, кој е навикнат на победи. Тие имаат менталитет на шампиони, така што пред нас имаме тешка битка. Знаеме дека мора да одиграме одличен натпревар за да си заминеме со трофејот, додаде популарниот Рино.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен