Неапол, 17 март 2020 (МИА) – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, го сподели своето мислење за состојбата со коронавирусот во Италија.
– Ние доживуваме нешто чудно што го менува нашиот обичен живот. Многу е тешко. Невозможно е да излезете вечер или да одите во ресторан. Училиштата и другите институции се затворени. Владата затвори сè, луѓето не можат да ги напуштат домовите.
Сите сме едно тело, една крв. Имаше италијански комичар Тото кој рече: Можеме да бидеме богати или бездомници, но на крајот сите ќе бидеме под иста земја.
Тоа е тивок вирус. Многумина се заразени и не го знаат ова, изјави Гатузо.
Фудбалот во Италија е прекинат, а неговото продолжување се очекува да биде некаде во средината на мај. зс/