Утрински Весник
Спорт

Гасперини: Не даваме многу голови за да понижиме некого, на тој начин учиме!

Гасперини: Не даваме многу голови за да понижиме некого, на тој начин учиме!
Dik 300x250 mk

Италијанскиот стратег Џан Пјеро Гасперини кој со неговата Аталанта стигна до нова убедлива победа од 6-2 против Бреша даде свое видување за мечот за „Скај спорт“.

„Убаво, зарем не. Многу голови. Погодувавме многу и минатата сезона, но оваа сезона сме уште подобри. Имавме некои фестивали со голови сезонава, но не е тоа затоа што сме сакале да го понижиме противникот, туку затоа што на тој начин учиме, вежбаме некои потези“ вели Гасперини.

Тренерот на Аталанта го најави и мечот против ПСЖ кој го чека цела Европа, во четвртфиналето на ЛШ.

„Никогаш не сме ја почнале сезоната во вака добра ситуација, но веќе втора сезона сме во топ 4. Играњето во ЛЕ и ЛШ ни помогна да созрееме. Сето ова е подготовка за ПСЖ, секако сакаме до самиот крај да се бориме и во Серија А.
Второто и третото место ни се цел, но кога сме веќе тука, можеме да се обидеме и повеќе“ вели Гасперини.

За Нејмар и Мбапе, италијанскиот стратег смета дека се двајцата најдобри светски играчи во моментов.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс