Утрински Весник
Спорт

Гасперини: Аталанта можеше да постигне повеќе голови

Избор во Серија А: Гасперини најдобар тренер во сезоната 2018/19

Милано, 20 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини рече дека неговиот тим можеше да постигне поубедлива победа.

Аталанта ја совлада Валенсија со 4:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Ова е извонреден резултат, игравме добро и можевме да постигнеме повеќе голови. Секако, предноста од три гола е многу добра. Требаше да бидеме повнимателни во последните минути. Нивниот погодок би можеле да се избегне. Сакам да постигнеме гол на „Местаља“, не сакам да имам проблеми. Сега е време да славиме, рече Гасперини по дуелот со шпанскиот тим.

Реванш натпреварот ќе се игра на 10 март во Валенсија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот