Утрински Весник
Економија

Гаснењето на „Монтенегро ерлајнс“ ќе чини 100 милиони евра

Гаснењето на „Монтенегро ерлајнс“ ќе чини 100 милиони евра

Сегашната гарнитура не е способна да создаде нова авиокомпанија, без оглед дали ќе чини нула или 50 милиони евра, изјави претседателот на Управниот одбор на „Монтенегро ерлајнс“, Никола Вукичевиќ.

Во писмената изјава за Телевизијата на Црна Гора, тој рече дека не може да верува што слушнал од министерот за капитални инвестиции, Младен Бојаниќ, на прес-конференцијата и каква одлука донеле.

„Особено во годината во која европските земји дадоа над 100 милијарди евра помош за нивните авиокомпании, кога има закон што решава долгови, а во буџетот има пари за тие цели“, рече Вукичевиќ.

Тој изјави дека гаснењето на „Монтенегро ерлајнс“ ќе чини 100 милиони евра и оцени дека луѓето кои сега се на власт не се способни да создадат нова авиокомпанија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Трипуновски: Нулта толеранција за злоупотреба на европски пари во земјоделството

Синдикалната минимална кошница во јуни достигна над 64.000 денари