Утрински Весник
Магазин

Гал Гадот и Пети Џенкинс официјално во тимот на „Вондер воман 3“

Гал Гадот и Пети Џенкинс официјално во тимот на „Вондер воман 3“
Dik 300x250 mk

По успехот и на киноблагајните и на стриминг-платформата „ХБО макс“, Wonder Woman 1984 или жена-чудо, продолжение на оригиналниот филм од 2017 година, режисерката Пети Џенкинс ќе се врати на чело на тимот на третиот филм во серијалот на DC Extended Universe.

Израелката Гал Гадотвил ќе ја повтори улогата на титуларна суперхероина.

Официјалната поврда дојде од шефот на „Ворнер Брос“ Тоби Емерих, кој изјави: „Додека фановите ширум светот продолжуваат да ја прифаќаат Дијана Принс, на крилата на снажната изведба на отворањето на Wonder Woman 1984 минатиот викенд, ние сме возбудени што можеме да ја продолжиме нејзината приказна со нашите чудесни жени во реалниот живот – Гал и Пети – кои ќе се вратат да ја завршат долго планираната трилогија “.

Според „Ворнер Брос“, Вондер воман 1984 започна со 16.7 милиони американски долари на божиќните киноблагајни, најдобро деби во еден викенд од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Продолжението оттогаш заработи 85 милиони долари во светски рамки.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци