Утрински Весник
Магазин

Галеријата Уфици во Фиренца отворена по три месеци

Galerija Ufici

 

Фиренца, 4 јуни 2020 (/) – Галеријата Уфици во Фиренца, една од најпосетените во Италија, е повторно отворена по три месеца, а на љубителите на уметноста, посебно им годи што не мораат да се туркаат со другите благодарејќи на новите мерки за физичко растојание.

Директорот на галеријата – Ејк Шмит изјави дека затварањето значело еден милион посетители помалку и загуба од 12 милиона евра за тој период.

Како што тој наведе, враќањето на вообичаениот број туристи во Италија се очекува дури наредната 2021 година.

Како бонус во галеријата, сега се изложени и реставрирани дела на Рафаело де Урбино од 1520 година, непосредно пред неговата смрт.

Пред два дена на сличен начин беше отворена и Систинската капела.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меѓународниот саем за туризам ќе се одржи на средината на месецов на планината Качкар во Турција

Свето Благовештение (Благовец) – 24info.mk

Дуа Липа ќе се мажи