Утрински Весник
Спорт

Галатасарај тргнува по Балотели

Балотели одговори со среден прст на тифозите на Интер

Истанбул, 13 април 2020 (МИА) – По само една сезона назад во Серија „А“, Марио Балотели повторно може да ја напушти Италија, тврди „Газета Дело Спорт“.

Според новинарот Николо Шира, турскиот гигант е многу заинтересиран и е подготвен да му понуди на 29-годишниот напаѓач двосезонски договор со опција за уште една, а во тек ср преговори со агентот на играчот Мино Рајола.

Ако ја прифати понудата на тимот од Истанбул, поранешниот италијански репрезентативец ќе има за конкурент уште еден добро познат напаѓач – Радамел Фалкао.

За време на оваа кампања, Балотели има постигнато пет гола на 19 натпревари за последнопласираниот во Калчото – Бреша.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот