Утрински Весник
Македонија

ГАК: 33-годишната родилка починала од автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наодот на починатата 33-годишна родилка оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево, информифраа од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Клиника вчера попладне го добила хистопатолошкиот наод за пациентката И.К. од Скопје, родена 1987 година.

Пациентката почина на КАРИЛ на 9 мај 2021, а како што соопштија од Клиниката, била примена на ЈЗУ У ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек.

„Наодот, оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостаток на мускулниот слој на тенкото црево што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што беше причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург. Оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, појаснуваат, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно“, наведува ГАК во соопштението.

Понатаму се додава дека пациентката има историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април