Утрински Весник
Спорт

„Газпром“ може да стане генерален спонзор на Евролигата

„Газпром“ може да стане генерален спонзор на Евролигата

Барселона, 3 јуни 2020 (МИА) – Евролигата преговара за спонзорство со рускиот енергетски гигант  „Газпром“, објави турски „Хуриет“.

Претходно се дозна дека Евролигата и долгогодишниот партнер на елитното кошаркарско натпреварување „Туркиш ерлајнс“ ја прекинале соработката. Менаџментот на лигата започна да бара нов главен спонзор.

Евролигата и турската авиокомпанија соработуваа веќе 10 години. Претседателот на Лигата, Жорди Бертомеу, претходно изрази надеж дека двете страни ќе продолжат да работат заедно.

Сезоната во Евролигата 2019/20 беше предвреме прекината поради коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство