Утрински Весник
Спорт

„Газета дело Спорт“: Јовиќ се сели во Интер

„Газета дело Спорт“: Јовиќ се сели во Интер
Dik 300x250 mk

Спортскиот директорт на Интер, Бепе Марота, подготвил новогодишни подароци за тренерот Симоне Инзаги. „Газате дело Спорт“, тврди дека во зимскиот преоден рок, Интер ќе се засили со Лука Јовиќ и Гаитан Нандез.

Интер и без двајцата најдобри играчи од шампионската сезона, Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, котира високо на табелата. По седум рунди, Интер, се трети на табелата со четири бода помалку од Наполи.

Бепе Марота, планира да го засили тимот токму на позициите кои ги покриваа Лукаку и Хакими.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Јовиќ е „силен, искусен, решителен и не е скап“. Во текстот се додава дека Србинот е сличен профил на играч каков што е Александар Лаказет од Арсенал.

Јовиќ и оваа сезона не успева да се наметне во Реал, најмногу поради формата во која игра Карим Бензема. Минатата полу-сезона тој ја мина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.

Од друга страна доаѓањето на Нандез од Каљари е речиси завршена работа. Уругваецот може да игра како десен бек и како крилен бек во формацијата 3-5-2 која ја форсира тренерот Инзаги.

> „Газета дело Спорт“: Јовиќ се сели во Интер <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони