Утрински Весник
Магазин

Гаел Монфис и Елина Свитолина го врзаа јазолот

Гаел Монфис и Елина Свитолина го врзаа јазолот

Една од моќните двојки во тенисот во последните неколку години, Гаел Монфис и Елина Свитолина, официјално го врзаа јазолот на интимна церемонија во Швајцарија во петокот.

Нивната врска веќе некое време е тема во тенисот, и сега Гаел и Елина конечно ја официјализираа со венчавка во Женева.

Тениската двојка започна романса во 2018 година. Во последниве три години, двајцата играчи се бодреа еден со друг од трибините во текот на натпреварите.

Монфис ја запроси во април, а во последните неколку дена тој споделуваше фотографии и пораки до своите фанови на социјалните мрежи, со кои навести дека започна одбројувањето до венчавката.

Можете да прочитате

Што открива Месечината за човекот според наталната карта

Луѓе кои умерено пијат вино може да живеат подолго

Вечерва во 21:00 часот „Планетите зборуваат“: Што ни носат ѕвездите?