Утрински Весник
Македонија

Вo тек е отворениот повик за финансиска поддршка на нови земјоделски задруги

Вo тек е отворениот повик за финансиска поддршка на нови земјоделски задруги

Велес, 10 март 2020 (МИА) – Во рамки на проектот „Во задруга за подобра иднина“ што го спроведува  CARE  и Македонската развојна фондација за претпријатијата, финансиски поддржан од ЕУ, во Велес се одржа информативна сесија за земјделците, за нивно здружување во задруги и за повикот за аплицирање за финансиска поддршка што трае до 31 март.

Заинтересираните задруги или иницијатори на задруги најдоцна до денес треба да се пријават за техничка поддршка. Минимум критериумот кој мора да го исполнат апликантите за да добијат финансиска поддршка од проект е 60 отсто од вкупниот број на членовите на задругата мора  да се жени или помлади од 40 години.

Марина Јоноска од Македонската развојна фондација за претпријатија за МИА изјави дека со проектот ќе се финансираат земјоделски задруги кои се регистрирани во надлежните регистри во Централниот регистер и во МЗШВ од 30 јуни 2018 до крајниот рок на објавување на овој повик, 31 март 2020 година. Таа појаснува дека апликанти на повикот може да бидат само новите земјоделски задруги.

– Целта со овој проект е да се поттикне задругарството со вклучување на млади лица под 40 години и вклучување на жените во задругарството, а затоа што сега најголем број од задругарите се лица над 40 години, појасни Јоноска.

Јоноска информира  дека во првиот повик од Велес и Велешко немало финансиски поддржани задруги, иако пред година и пол имале инфо сесија во Општина Чашка и имало заинтересирани, но немало пријавени. Па затоа одлучиле за оваа втора инфо сесија во Општина  Велес, за вториот повик, кој е во тек. На инфо сесијата освен од Велес присуствувале земјоделци и од Општина Градско и Чашка.

За вториот повик  предвидени се четири грантови со максимален износ од апликант  од 40 илјади евра, а тие  на располагање имаат  вкупно околу 160 илјади евра.
– Во првиот повик беа доделени 850 илјади евра, за 17 задруги од кои девет постоечки и осум нови, но не се реализирани, само е склучен договор за грант. Сега е постапката за реализација: за набавка на опрема, механизација, реконструкција или изградба на објект или друго, а  во зависност од потребата на задругата, појаснува Јоноска.
Таа ги повикува младите земјоделци и жени да се вклучат во задруги и со тоа да имаат и можност да аплицираат на овој втор повик, а документите за пријавување и понатамошни насоки може да ги најдат на www.zadrugi.mk ад/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор