Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

В четврток авионско прскање против комарци во Крива Паланка и Кратово

Со авионско фрлање 35.000 литри вода се гаснеше пожарот над Марков Манастир
300x250 opst2

Крива Паланка, 16 јуни 2020 (МИА) – В четврток, 18 јуни, ќе се спроведе првото годинашно прскање против комарци на подрачјето на општините Крива Паланка и Кратово.

– Во четврток во раните утрински часови, од пет до осум часот ќе се врши авионско прскање за заштита од комарци на подрачјето на општината, поради што ги известуваат пчеларите во времето на прскање и три до четири часа подоцна, да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства, информираат од локалната самоуправа на општината.

Во истиот период, четврток, од 5 до 8 часот ќе се реализира и авионско третирање против комарци за 2020 година на територијата на општина Кратово.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од село Кетеново нагоре и целото градско подрачје. Во случај на врнежи од дожд, прскањето ќе биде одложено за следниот ден.иб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини

ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и ВЛЕН во општините во кои нема свои кандидати

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај